еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Пет новопочинати од корона вирусот, меѓу нив и десетмесечно бебе

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај, информираат од Министерството за здравство.

“Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај.

Во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало.

Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на Ковид-19“, велат од Министерството.

Како што објавија медиумите во Швајцарија бебето имало десет месеци.

Со ова, вкупниот број на починати од компликации од вирусот во Македонија изнесува 131.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен во градинка во Тетово позитивен на корона вирусот

Петмина од Чаир, двајца од Сарај и Аеродром: Од кои скопските општини се 22 нови случаи на заразени со Ковид-19

Нови 35 случаи на заразени со корона вирусот, од кои 22 во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот Јакимовски откри дека се борел со рак на белите дробови

Редакција

Министерот за транспорт Горан Сугарески не очекува да го „потфати“ метлата на премиерот Заев

Редакција

Каков имот пријавил судијата Георгиев, кој заврши во притвор за поткуп

Редакција