еМагазин
Image default
Македонија

По 10.000 денари награда за пожарникари и граѓани кои помогнаа во гаснењето на пожарите

Владата одлучи да додели парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои дел пожарникари, а дел останати граѓани кои помогнаа во гаснењето на шумските пожари, кои ја зафатија територијата на државата.

Како што соопшти владината прес-служба, одлуката за одобрување средства од резервите на Буџетот за 2021 е донесена на денешната владина седница, на предлог на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој.

Листата на граѓани кои ќе ја добијат наградата ќе биде утврдена во соработка со општините, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

На денешната седница, која се одржа преку видеоконференциска врска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги информираше своите колеги од Владата за состојбата со пожарите во државата. Спасовски, како што се наведува, потенцира дека безбедноста на граѓаните останува приоритет и информираше подетално за помошта која ја нудат соседни и пријателски земји за гасење на пожарите во Македонија.

Владата донесе заклучоци да го задолжи Генералниот секретаријат, во консултации и соработка со Дирекцијата за заштита и  спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК) за обезбедување на сместување и храна за лицата кои како странска помош доаѓаат да помогнат со санирање на пожарите.

На седницата на Владата е заклучено и да се обезбедат податоци за прифаќање на техничка помош и помош во работна сила за обновување на објектите кои претрпеле штети при пожарите, понудена од Швајцарската Конфедерација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресудата за „27 април“ судијката Кацарска ќе ја соопшти на 15. март

Редакција

Вакцинирање без закажан термин ќе се врши во поликлиниките, пунктовите и болниците, во спортските сали ќе има само ревакцинација

Редакција

Цела Македонија е 4 фаза, подниво 3: Проценка за ширење на Ковид-19

Редакција