Поддршката на Западот за Украина го „турка“ Киев кон „се повеќе непромислено“ однесување, се наведува во денешното соопштение од руското Министерство за надворешни работи.
Соопштението уследи нападот со беспилотни летала врз Москва, за што Русија ја обвини Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Москва нападната со дронови, неколку згради минимално се оштетени
– Нападот имаше за цел ширење паника меѓу цивилите, се истакнува во соопштението од руското МНР.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека Киев стои зад денешниот „терористичкиот напад“ со беспилотни летала врз главниот град на Русија.
Во соопштението се истакнува дека во нападот учествувале осум беспилотни летала и дека сите биле уништени со противвоздушни ракети. Исто така наведува дека неколку дронови паднале врз згради, предизвикувајќи „мали штети“.
Украина негира вмешаност во нападот со дронови врз Москва
Украина негираше вмешаност во нападот со дронови на Москва, пренесе ДПА.
– Се разбира, ние не сме директно вклучени, изјави Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател во радио емисијата на рускиот новинар Александар Пљушчев, кој е критички настроен кон Кремљ.
Тој со потсмев рекол дека „руските дронови можеби им се вратиле на своите испраќачи“.
– Знаете дека се приближуваме до ерата на вештачката интелигенција. Можеби сите дронови не се подготвени да ја нападнат Украина и сакаат да се вратат кај своите креатори и затоа прашуваат: „Зошто нè праќате против децата на Украина? На Киев?“ и така натаму, рече Подољак.
Во исто време, советникот на украинската влада предвиде дека бројот на напади на руска територија веројатно ќе продолжи да се зголемува. „Сите луѓе кои веруваат … дека можат да уништат друга суверена држава со апсолутна неказнивост, сè уште не сфатија по 15 месеци дека не можат да ја повторат 2014 година“, рече тој, мислејќи на годината кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим.
МИА