еМагазин
Image default
Македонија

По неодоливата изведба на „Македонско девојче“: Премиерот Заев го покани Ноле да ја посети нашата земја

Премиерот Зоран Заев не одолеа на изведбата на песната „Македонско девојче“ од страна на тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој пееше во живо вршејќи пренос на Инстаграм и преку својот Фејсбук профил го покани да дојде во земјава.

„Драг Новак Ѓоковиќ, твојата изведба на преубавата „Македонско девојче“ нѐ воодушеви сите во нашата земја. Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија.

Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани.

Воедно, те следиме на Вимблдон и ти посакуваме успех“, напиша Заев во постот во кој го тагира српскиот тенисер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Новак Ѓоковиќ ја пееше „Македонско девојче“ и посака да оди во Охрид

Фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбраната тврди: Клевета е дека Игор Југ сакал да го убие Зоран Заев

Редакција

Условна казна за негувателката од Велес која им даваше електронски цигари на деца

Редакција

Ковачевски – Макрон: Франција е посветена на европската перспектива на Македонија

Редакција