Починаа седум лица заразени од корона вирусот од кои тројца од Скопје, еден од Штип, еден од Тетово и двајца од Струга, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79 г.) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66 г.) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54 г.) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46 г.), која починала при прием во амбулантата.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје (77 г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73 г.) примена на 7 јуни.
Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.
Вкупната бројка починати лица од корона вирусот изнесува 164.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 125 нови случаи со корона вирусот, најмногу 89 во Скопје
Корона вирусот “влезе“ и во Лекарската комора, позитивни две лица
Текстилниот кластер во Штип брои 126 заразени со коронавирусот
Во Македонија има повеќе жени заразени со корона вирусот
Фото: МЗ