Починати се пет нови лица од корона вирусот, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово, информираат од Министерство за здравство.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години.
Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем.
Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години.
Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите Ковид-19 е дијагностициран постмортем,“ се вели во соопштението.
Вкупно до сега се починати 351 лице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: И денеска бројката на оздравени пациенти од Ковид-19 е поголема од новозаболените
Нови 120 случаи на Ковид-19, во Скопје 63
Фото: МЗ