Градоначалникот на Општина Центар информираше дека во чест на еден од најголемите амбасадори на Македонија и македонската култура, Горан Стефановски, општината ќе подигне спомен обележје во срцето на општината, во Дебар Маало. Ова е едногласна одлука на советниците на последната 23-та седница на Советот на Општина Центар .
„На предлог на Македонската Академија за Науки и Уметности, каде Стефановски беше член надвор од работниот состав, општината заедно со семејството и МАНУ, ќе подигне спомен обележје во вид на дрво и скултура, на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти легендарната „Идадија“.
Постарите скопјани се сеќаваат дека на само 200 метри од ова паркче се наоѓаше семејната куќа на Горан Стефановски. Куќата на Стефановски во Дебар Маало била една од првите куќи изградени таму во втората половина од 20-те години на минатиот век, кога овој простор бил само ледина.
Од оваа куќа потекнуваат и театарските режисери Ристо Стефановски (чичко на Горан) и Мирко Стефановски (татко на Горан), како и познатиот гитарист, братот на Горан, Влатко Стефановски.
Симболиката на Дебар Маало и локацијата на идното спомен обележје на писателот беше животно и духовно, а особено книжевно врзана со работата и животот на Горан Стефановски“, информира Богдановиќ.
Фото: ЕУ-инфо центар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пријателите на Стефановски бараат улица во Скопје по негово име и прогласување на Ден на жалост
Горан Стефановски ќе биде кремиран, а пепелта ќе му биде расфрлана во Охридското езеро
еМагазин се приклучува на иницијативата Драмски театар да го носи името на Горан Стефановски