еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почна Божиќниот пост: Воздржувањето на стомакот од храна и на јазикот од клевета, празнословие, лажење

На 28 ноември започна Божиќниот пост, кој ќе трае до 7 јануари Божиќ, и е во чест на Христовото раѓање.

„Воздржувањето на стомакот од храна односно постот и воздржанието даваат свежина и леснотија кои на телото му се неопходни за исполнување на добродетелите. Кој се воздржува лета како орел не чувствувајќи го телото.

Воздржанието на јазикот избавува од следните пороци: клевета, вознемиреност, празнословие, лажење, скаменето срце во кое нема умиление, униние, суета, покажување на подвигот.

По голем број зборови се губат добродетелите, се разорува безмолвието, а се појавуваат разни нечесни страсти.

Молчаливиот е страшен за демоните, бидејќи кај совршените, демоните не можат да ја видат тајната на срцето бидејќи не ја отвараат устата. Тие кои го сакаат зборувањето не можат да избегнат грев. Ако сите дела на гревовен живот се положат на еден тас од вагата а молчењето на друг, ќе видиме дека тоа ќе ги натежнее,“ пишува на Фејсбук-страницата на Манастир Св. Гаврил Ленсновски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил пратеникот Павле Трајанов

Редакција

Познат кардиохирург физички го нападнал директорот на Клиниката за кардиохирургија

Редакција

Трамп конкуренција на Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир

Редакција