еМагазин
Image default
Македонија

Покренати пет постапки за говор на омраза за трагичната автобуска несреќа

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за телевизијата 1ТВ рече дека очекува денеска да има првични сознанија околу истрагата за автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, во која загинаа 14 лица, а 37 лица беа повредени.

„Истрагата трае, увидот на настанот е завршен, утре ќе можеме да очекуваме првични сознанија околу аспектите кои ги гледа истрагата. Вечерва ќе имаме разговор во полициска станица со возачот  на авотубост и врз основа на сите тие наоди ќе добиеме која била причината за оваа голема трагедија, рече Спасовски во синоќешното интервју.

Тој упати благодарност до институциите на државно и на локално ниво, кои како што рече реагирале бргу и ефикасно, на лекарите и медицинскиот кадар од јавното и приватното здравство, а ја потенцираше и солидарноста на граѓаните.

Наспроти таа слика, како што вели, чувство на човечки пораз создава говорот на омраза на социјалните мрежи за што Министерството за внатрешни работи веќе покренало пет постапки.

„Тоа е чувство на човечки пораз, лично, чувствувам дека како луѓе неможеме да се издигнеме пред се, дека сакаме да се почитуваме меѓу себе, туку напротив, можеби политичките, верските и националните поделби ги ставаме пред човечкиот живот што е нешто најсвето. Таков говор на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор“, рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи информира дека се работи на откривање и на други профили на социјалните мрежи преку кои се ширел говор на омраза.

„Веќе се поднесени соодветни пријави во надлежните јавни обивнителства во Скопје, Струмица и во Куманово и секако дека ако се случуваат и во наредните денови ќе имаме реакција, рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавина реакции: Осуда на сите кои даваат политичка конотација на трагедијата кај Карпалак

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни за 1.143 лица кои не носеле маски, во изолација 905 лица, а 120 во самоизолација

Редакција

Собранието не го усвои предлогот по скратена постапка да се носат измените на Законот за субвенциониран студентски оброк

Редакција

Пендаровски: Бараме цврсти гаранции од ЕУ дека Бугарите во Уставот ќе биде последно барање од Софија

Редакција