еМагазин
Image default
Македонија

Полицијата била толерантна кон лицата кои биле затекнати на автопат за време на полициски час

Заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска на денешната прес-конференција посочи дека полицијата го следела метежот, што вчера настана на автопатиштата откако голем број на скопјани заминаа од градот со цел да го избегнат полицискиот час што трае од вчера од 21 часот до понеделник до 05 часот и покажале разбирање за лицата кои биле затекнати на патарините и на автопатиштата по започнувањето на рестрикцијата за движење.

– Полицијата го следеше метежот кој настана на улиците и на автопатот и од тие причини имавме разбирање за граѓаните кои во моментот кога почна полицискиот час беа затекнати таму, со тоа што полицијата укажуваше побрзо да бидат упатени кон крајните дестинации кон кои се тргнати, односно да го почитуваат полицискиот час.

Во некој период од половина час, кога беа затекнати не беа изречени мерки само беа писмено предупредени, наведе Петровска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Една фотографија, илјада зборови: Скопјани бегаат од карантинот

„Леб можевте у Охрид да купите„: Твитер реакции за карантинот и „бегството“ на Скопјани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четврти случај на коронавирус: Заболена директорката на Клиниката за кожни болести

Редакција

Ѓоргиев: Негувањето на сопствениот јазик и култура не може да бидат закана за европските вредности и не е антибугарски чин

Редакција

За една недела 59 деца до 9 години заболеле со Ковид-19

Редакција