еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицискиот час скратен за 1 час

Од синоќа полицискиот час е скратен за еден час и наместо до 6 ќе трае до 5 часот наутро.

Како што е веќе познато, со полицискиот час не се опфатени припадниците на МВР, АРМ, противпожарните екипи и лицата од комунална хигиена кои моментно работат во смени, а за медицинските лица ќе бидат обезбедени специјални легитимации.

Полицискиот час не се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, лицата кои се во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа. Тие ќе може да бидат придружувани исклучиво од најмногу две лица.

Ако поради итноста на здравствената состојба возилото биде запрено од полициска придружба, дополнително ќе се евидентира и провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравстевната инстуиција преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед.

За време на полицискиот час се ограничени и бројот на дежурни аптеки во градовите. Во аптека може да одат само лица кои имаат потврда дека претходно биле на лекарски преглед.

Ограничен е и бројот на такси возила. Тие ќе може да превезуваат патници само кон болнички установи или аптеки. Таксистите притоа, ќе мора да имаат заштитна опрема – маска и ракавици.

За време на полицискиот час е забрането движење и на возила од јавен превоз.

Дежурни екипи на ЕВН, Водовод и канализација, Телекомуникации служби и Топлификација, пак, смеат да се движат само по претходна најава на 192 (МВР).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Губењето на осет за мирис и вкус „скриени“ симптоми за коронавирусот, кои се другите?

(ВИДЕО) Хит на социјалните мрежи: Премиерот на БиХ незнае да стави медицинска маска

Одлука на Владата: Од граница директно во државен карантин

Јавниот превоз забранет од 21 до 5 часот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Игор Јанушев, новиот генерален секретар на Владата

Редакција

Најтрофејниот македонски актер Никола Ристановски доби Гран при на фестивал во Никшиќ

Редакција

86 возила годинава и 150 лани, Агенцијата за управување со одземен имот доделила на институциите

Редакција