еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради адмистративен пропуст на матурантка од Охрид и го ускратија правото да полага државна матура

Матурантка од СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид вчера не можеше да го полага првиот дел од државната матура поради административен пропуст.

Девојчето го немало на списокот, а со неполагањето ќе неможе да се запише на Факултетот по физиотерапија во Словенија, како што планирала, објавија медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска почнува полагањето државна матура

ДИЦ: Матурантката не полагаше државна матура, бидејќи не беше пријавена од Училишната матурска комисија

Матурантката Тијана Силјаноска од СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид на 27.05.2023 не полагаше државна матура, бидејќи од страна на Училишната матурска комисија на училиштето не е пријавена за полагање во Државен испитен центар, појаснуваат од Државниот испитен центар (ДИЦ) за проблемот со неможноста матурантката да полага државна матура.

– За појаснување, согласно законските и подзаконските акти за реализација на државната матура, учениците пополнуваат пријава во училиштата каде што се запишани најдоцна до 31 декември во тековната година.

Потоа следува процес на внес на податоците во база од страна на училишните матурски комисии, обработка на податоци и доставување на списоци со кандидати од страна на ДИЦ до училиштата најдоцна до 15 февруари.

Училишните матурски комисии списоците со кандидати ги проверуваат и доколку имаат направено грешки ги корегираат и истите со потпис и печат од училиштето ги враќаат во ДИЦ.

Во случајов од страна на комисија на СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид така е и постапено, односно списоците се вратени со потпис и печат, но немаат направено корекции дека ја имаат испуштено матурантката Тијана Силјаноска, се вели во соопштението од ДИЦ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои вакцини против Ковид-19 во Македонија спречија најмногу хоспитализации

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за набавка на горива

Редакција

За првпат ќе сведочи таткото на Ѓорчевска: Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Редакција