Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител во петокот вечерта пријави дека се оддалечило од домот во село Врбско, Општина Прилеп.
Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето.
Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, МВР ги упатува да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во село Витолиште 071 268 594.
– Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата, наведуваат од МВР.
Во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 100 полицајци, хеликоптер, доброволци во активна потрага по Петар Џобоски
Фото: МВР