Црна Гора поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 во Македонија одлучи да не ја отвара границата за македонските граѓани.
Информацијата за зголемениот број на нови случаи во Македонија, но и најавите за враќање на карантинот и полицискиот час во одредени општини, како што пренесува дописникот на еМагазин од Солун, осамна и во соседна Грција, која најави дека границите за македонските граѓани ќе ги отвори на 15 јуни. Но, тоа беше пред овој загрижувачки тренд на секојдневен висок раст, за кој власта вели дека бил под контрола.
Како и Црна Гора, така и Грција, но и другите соседи ќе ја обновуваат листата на земји на неколку недели, па ќе одлучуваат од каде ќе пуштат странци, а од каде не.
Така да поради неоодговорните граѓани и тие што не веруваат дека постои корона вирусот нема да можеме ни да излеземе од Македонија и ќе станеме гето.
Најмал проблем е што нема да можеме да се сончаме на плажи во Грција или Црна Гора. Суштинскиот проблем е што од ова може дополнително да трпи македонската економија, која веќе е сериозно погодена од корона-кризата. Ќе нема доволен проток на стока, бизнисмените нема да можат да патуваат да прават нови зделки… Како што е познато поради затворените граници, протокот на стока е ограничен.
И не само економијата. Граѓаните нема да можат да се видат со своите фамилии во странство, болните нема да можат да се лекуваат надвор ако тоа е нивниот избор, со затворени граници приоритет имаат само критичните случаи…
Штетите од неодговорните граѓани и „неверниците“, кои треба да ги почитуваат мерките, кои се многу едноставни веќе ги трпиме. И разбирливо граѓаните кои ги почитуваат мерките се револтирани. И треба да бидат револтирани.
Власта под итно треба да го менаџира овој проблем за да ситуацијата која е излезена од контрола, не „експлодира“. Очигледно е дека неодговорните граѓани нема да се сменат, но постојат начини и начини како и тоа да се среди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали за новите случаи на заразени со корона вирусот во Македонија
Поради зголемен број на случаи со Ковид-19, Црна Гора ги затвори границите за македонските граѓани
Фото: Влада