еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 0,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на Еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 70,50, а на Екстра лесното 70 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат. Литар Еуросупер БС – 95 и натаму ќе се продава за 80, а Еуросупер БС – 98 за 82 денара за литар.

За 0,755 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,784 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските и картичните кредити

Редакција

Нашата држава се вика Република Северна Македонија, а не „Република С.Македонија“, вели Заев

Редакција

Аднан Ќахил исклучен од неговата партијата, од таму бараат Заев да го разреши и од министерската функција

Редакција