Премиерот Зоран Заев откри дека на денешната средба на заедничката Комисија за историски прашања со Бугарија бил постигнат напредок, а разговорите според него се воделе во пријатна и пријателска атмосфера.
Тој додаде дека во учебната година 2021/2022 ќе започне имплементација во учебниците на она што е договорено во Комисијата и дека нашата Влада е подготвена да ги објави записниците за историските личности, кои се веќе договорени.
Средбата на членовите на Комисијата од Бугарија и Македонија се одржува олајн денеска, а ќе продолжи и утре.
Досега, за период од две години Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности од значење за историјата и културата на македонскиот и бугарскиот народ, но и за другите народи на Балканот и во Европа – Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил.
Усвоени се препораки и за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото, како и препораки за подобрување на учебниците за 6 клас/7 одделение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Договор за добрососедство со Бугарија или завршница на Балканските војни
Замислете, во Бугарија “нема говор на омраза“
Фото: Влада