еМагазин
Image default
Македонија

Потерница за Никола Груевски

Кривичниот суд во Скопје попладнево достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против поранешниот премиер, сега пратеник, Никола Груевски.

Денови судските служби се обидуваа на Груевски да му го достават решението на Советот на Кривичен суд со кој се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна што тој треба да ја отслужи за случајот „Тенк“.

– Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница.

Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата, соопштија од Кривичниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што го чека Груевски во затвор: Туширање еднаш неделно, наутро треба да си го мести креветот, да прави генералка на собата во сабота…

Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следува период на реорганизација и реформа во СДСМ, најави Филипче по победата

Редакција

Куманово и Дебар со ист број заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по градови

Редакција

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Редакција