Банкарскиот систем е стабилен, но потребни се напори за понатамошно намалување на кредитните ризици, се вели во најновите заклучоци на Меѓународниот монетарен фонд за земјава.
„Банкарскиот систем е добро капитализиран и ликвиден. Двете соединувања и аквизици на банки ќе помогнат да се консолидира системот и да се подобри ефикасноста. Преземањето чекори за натамошно зголемување на денаризацијата на депозитите, заедно со внимателно осмислените мерки за намалување на девизното кредитирање на домаќинствата, доколку е тоа потребно, ќе придонесе за натамошно зајакнување на отпорноста на нашиот финансиски систем“, се вели во извештајот на ММФ.
Во изминатиов период Шпаркасе банка ја купи Охридска банка, а Комерцијална банка најави дека ја разгледува можноста за купување на Еуростандард банка.
Сега останува отворено прашањето дали ММФ потенцирајќи дека има активности за две окрпнувања во банкарскиот сектор во земјава само потврди дека Комерцијална банка дефинитивно ја купува Еуростандард банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комерцијална банка заинтересирана за купување на Еуростандард банка
Еуростандард банка одговори на Комерцијална банка во врска со купувањето
ММФ ја „потсети“ Владата на ризиците од нелогичното зголемување на минималната плата и пензиите