Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, информираат од Владата.
„Согласно Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020, дека сите заклучоци, мерки, насоки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба, ги известуваме сите вработени и работодавачи дека претходно обезбедените потврди издадени од градинките, основните училишта и центрите за социјална работа за корисниците на услугата дневен центар за деца/лица со попреченост, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години (или активно 4 одделение), продолжуваат да важат и по 24 март 2020 година, односно нивната важност се продолжува до завршување на вонредната состојба.
Истото се однесува и на вработените со хронични состојби и бремени жени, кои се опфатени со мерките.
Јавното здравје е заедничка одговорност, само заеднички можеме да се заштитиме, апелираме сите да ги почитуваат препораките“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмладиот пациент заболен од коронавирусот во Македонија е двегодишно дете од Скопје
(ВИДЕО) Лизгалиште во Мадрид претворено во мртовечница
(Видео) Италијански градоначалници „полудеа“ апелирајќи да се остане дома поради корона вирусот