Главната хероина на македонскиот документарец „Медена земја„, Атиџе Муратова преку медиумите испрати трготелен повик за помош, посочувајќи дека се плаши за сопствениот живот, откако тоа како што треба не го направиле надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Луѓе помогнете ми, се плашам за својот живот, вели Атиџе, чии проблеми со соседот кулминираа
Информацијата предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:
Се жалела во полицијата во Свети Николе и не и помогнале.
Ех моја Атиџе.https://t.co/62yXBT60ZD
— Man (@Goran_Man) September 11, 2020
каков народ сме бе…..сеа ќе треба бред пит да дое да интервенира да се сети некој на Атиџе pic.twitter.com/DugcYZuGRI
— andon.ru (@andon_ru) September 11, 2020
И сега.. ?? Ќе одиме да и' помогнеме на жената која не' прослави како земја и народ или ќе се факторизиме онлајн?https://t.co/EEb27FETfI
— Zoran Gega Madzoski (@ZoranGega) September 11, 2020
Aтиџе стигна до црвен тепих и го доби цело ваше внимание, не помина ни година вие веќе ја заборавивте. Атиџе денеска живее во страв за сопствениот живот и немоќ за финансиска подршка . Дволични и лицемерни битија сте !!
— ПанкотНе(Е)Мртов (@pivo_ok_pozz) September 11, 2020