На 28.10.2018 година во 05.20 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, вработен во рудникот Саса пријавил дека околу 03.30 часот во јама во рудник Саса-Македонска Каменица при вршење работа со повреди се здобил Љ.С.(52) од Македонска Каменица кој за укажување на лекарска помош бил препратен во болницата во Кочани, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од ПС Делчево. За настанот се известени Основен јавен обвинител и трудов инспектор од Делчево. Се работи на расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.