еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Празничен бонус за вработените, новогодишни пакетчиња за децата и пакети за социјално ранливите групи во заедницата од Рудник САСА

Покрај поддршката што ја дава во текот на целата година, во пресрет на новогодишните и божиќните празници рудникот САСА обезбеди пригодни подароци за различни групи граѓани од локалната заедница, со цел сите да можат да ја почувствуваат празничната атмосфера, информираат од компанијата.

Сите деца од предучилишна и училишна возраст во општината Македонска Каменица добија новогодишни пакетчиња, а за 150 социјално ранливи лица и семејства од заедницата САСА обезбеди пакети со прехранбени и хигиенски производи.

Исто така, за вложениот труд и посветена работа во текот на 2022 година, сите вработени во САСА, покрај редовната плата, се наградени со новогодишен додаток на плата и пригодни подароци.

Традиционално пак, на новогодишната ноќ, претставници од менаџерскиот тим на САСА ќе ги посетат вработените во рудникот, како и дежурните тимови на брзата помош, противпожарната единица и полицијата во Македонска Каменица кои ќе ја дочекаат новата година на своите работни места, при што ќе им дадат подароци.

„Ова е посебен период од годината кога сите посакуваме да добиеме подарок и порака со желби за среќа, добро здравје и успех во новата година. Затоа ние како компанија сме среќни и благодарни што имаме можност да помогнеме сите кои се дел од оваа заедница, особено децата и ранливите семејства, да ја почувствуваат радоста и магијата на новогодишните празници.

Се разбира, сакавме да ги наградиме и нашите вработени кои покажаа голема посветеност во работењето и вложија голема енергија во реализација на нашите капитални инвестициски проекти кои треба да обезбедат одржлив развој на САСА во годините што следуваат.

Со задоволство и оваа година ќе ги посетиме и ќе им се заблагодариме на вработените во службите кои и на новогодишната ноќ продолжуваат да се грижат за безбедноста, здравјето и сигурноста на локалната заедница, како и на вработените задолжени за одржување на работниот процес во САСА“, изјави генералниот директор на САСА, Крис Колбурн.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BACK TO SCHOOL акција во Нептун: Големи попусти на лаптопи, смартфони и таблети!

Редакција

Отворен интернационалниот повик за аплицирање на Dancelab2019

Редакција

НЛБ Банка и VISA ве носат на Светското првенство во фудбал во Катар

Редакција