еМагазин
Image default
Бизнис

Пред истекот на рокот, „Тиквеш“ им ги исплати средствата за откупеното грозје на лозарите

И оваа година винарската визба „Тиквеш“ заврши со исплатата на откупеното грозје од последната берба, пред законски утврдениот рок кој истекува на крајот на април, информираат од таму.

Од индивидуалните производители и правни лица со кои соработува „Тиквеш“ откупени беа 32,2 милиони килограми грозје, што претставува една третина од целокупните откупени количини во нашата земја. Исплатата на средствата за откупеното грозје винарницата ја започна веднаш по завршување на бербата и согласно со законот се одвиваше во три последователни транши.

„Предвремената и редовна исплата на откупеното грозје е уште еден показател за партнерскиот однос на „Tиквеш“ кон лозарите, што е наша трајна, стратешка определба.

На ваков начин меѓу другото на нашите партнери-лозарите им овозможуваме навремено и квалитетно да ги подготват лозјата за следната реколта, што е од клучно значење за производство на грозје и вино со висок квалитет, што е императив за натамошниот развој на „Тиквеш“, а преку тоа и на сите негови партнери“, изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

За да се осигура квалитетното производство на грозје, „Тиквеш“ ги подржува лозарите во текот на целата година. Континуираната соработка на винарницата со лозарите се остварува на различни начини, почнувајќи од стручни совети и едукација за примена на современи агро-технички методи и практики во процесот на одгледување и заштита на лозјата според светски стандарди, преку помош при обезбедување на репроматеријали по поволни цени, па сѐ до обезбедување флексибилни начини на исплата на откупеното грозје во пократки рокови од законските.

За оние лозаро-производители кои ги почитуваат насоките и стандардите за одгледување на грозјето, кои се гаранција за висок квалитет неопходен за производство на премиум вино, „Тиквеш“ нуди долгорочни договори за соработка, го гарантира откупот и обезбедува стимулативни бонуси при исплатата на ваквото грозје.

Во оваа прилика, винарската визба „Тиквеш“ на сите свои партнери, соработници и потрошувачи им ги честита претстојните Велигденски и Рамазански празници, посакувајќи им добро здравје и благосостојба, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Оне.Вип“ го доби тендерот на М-НАВ за набавка на мобилна телефонија вреден 40.000 евра

Редакција

До Владата ќе биде доставена првично скенираната документацијата за изградба на филмски студија во Скопје

Редакција

Блумберг Адриа почна со работа

Редакција