Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување: почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24 часот до 05 часот и соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23.30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Здравствените работници да можат да користат годишни одмори, предлага Комисијата за заразни болести
Комисијата за заразни болести предлага вежбалните, фитнес центрите и теретаните да почнат со работа
Фото: МИА