еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Препораки за справување со корона вирусот за лицата со дијабетес

Лицата со дијабетес може да имаат тешки симптоми и компликации во тек на инфекцијата со Ковид 19, но доколку дијабетесот е добро контролиран, тогаш ризикот за сериозни компликации е сличен како оној кај општата популација, укажуваат од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Се препорачува лицата со дијабетес да имаат информации за контакт со нивниот лекар или медицинска сестра, како и навреме да обезбедат соодветни количини лекови и материјали за следење на дијабетесот дома, за да немаат потреба да го напуштаат домот доколку се разболат.

Кај лицата со дијабетес кои се заразени со вирусот може да дојде до влошување на гликемиската контрола за време на болеста. Тие треба да ги практикуваат „правилата при болест“ препорачани за каква било стресна состојба со цел да ја подобрат нарушената состојба со дијабетесот.

Исто така, треба веднаш да се јават кај нивниот лекар/медицинска сестра за совет за тоа како да го следат нивото на шеќер во крвта, какви прилагодувања можеби ќе треба да направат во нивната терапија или исхрана и да добијат соодветна залиха на лекови (особено инсулин).

Освен општите препораки за заштита од вирусот, посебни препораки за лицата со дијабетес во случај на болест се:

-Внесувајте доволно течности.

-Следете го нивото на шеќер во крвта.

-Следете ја температурата.

-Ако сте на инсулин, следете ги и кетонските тела.

-Следете ги препораките на вашиот тим здравствени работници.

За потсетување, лицата заразени со Ковид 19, може да почувствуваат треска, кашлица, губење на здив (проблеми со дишењето), да се чувствуваат уморни и да имаат болки во мускулите.

Според досегашните сознанија 98% од заболените преживуваат, поголемиот дел од случаите (> 80%) се со лесна клиничка слика и покажуваат само минимални симптоми слични на грип и луѓето можат да се опорават во домашни услови.

Одреден број случаи (околу 14%) се тешки, а многу малку (околу 5%) може да бидат критични. Некои луѓе немаат никакви симптоми, или имаат само благи симптоми на обична настинка.

Кај други пак, СОVID-19 може да доведе до сериозни проблеми, како пневмонија (воспаление на белите дробови) или дури и смрт. Оваа состојба е почеста кај луѓето кои имаат други здравствени проблеми, особено постарите лица, оние со болести на срцето и крвните садови, хронично заболување на белите дробови и зголемен крвен притисок, како и лицата со дијабетес, кои може да имаат тешки симптоми и компликации во тек на инфекцијата со Ковид 19.

„Но, како што претходно беше посочено, доколку дијабетесот е добро контролиран, ризикот за сериозни компликации е сличен како тој на општата популација.

Ако луѓето со дијабетес не го контролираат добро дијабетесот и имаат чести варијации на крвниот шеќер, постои поголем ризик за потешка форма на инфекција со Ковид 19 во споредба со општата популација, бидејќи е ослабната способноста на организмот да се бори со инфекцијата“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Позитивни на корона вирусот инфектолог во Прилеп и вработен во фабриката „Гентерм“

Филипче: Корона вирусот најверојатно ќе заврши со некоја форма на колективен имунитет, битно е растот да се контролира

Вработена во Поликлиниката Чаир позитивна на корона вирусoт, извршена дезинфекција на објектот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починало едногодишно дете со Ковид-19, имало неколку хронични заболувања

Редакција

Скопје Прајд: Луѓето од ЛГБТИ заедницата се дел од општеството и ги заслужуваат човековите права и слободи

Редакција

Следува стабилно време, со нешто пониски температури од изминатите денови

Редакција