еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Претседателот Пендаровски и министрите Царовска и Бектеши за Денот на рударите во Рудникот САСА

Во рамки на годинешното одбележување на 28. Август – Денот на рударите, претседателот Стево Пендаровски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за економија Крешник Бектеши го посетија рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица.

Претседателот и министрите се запознаа со мерките и вложувањата во областите на безбедност и здравје при работа и за заштита на животната средина, инвестициите во современа технологија и во производниот процес, како и со поддршката што ја обезбедува Рудник САСА за развојот и потребите на локалната заедница.

Покрај со раководството на Рудник САСА и претставниците на инвеститорите – компанијата Централ Азија Металс од Лондон, тие се сретнаа и разговараа и со рудари и вработени во останатите сектори во САСА, при што им го честитаа празникот и им посакаа добро здравје и благосостојба.


И оваа година, по повод празникот, менеџаментот на Рудник САСА обезбеди парични бонуси и пригодни подароци за сите вработени, како признание за нивното залагање и посветеност во работата.

Дополнително, додеделени се и посебни награди за особен придонес во безбедноста и здравјето при работа, како и во остварувањето на производствените планови.


„Рудникот САСА располага со добар потенцијал за натамошен развој. Сметаме дека заедно со вработените и преку соработката со институциите на централно и локално ниво ќе ги оствариме поставените развојни цели, со што ќе продолжиме да придонесуваме за просперитетот на локалната заедница и земјата во целина.

За да го постигнеме тоа, ќе продолжиме со нашите континуирани вложувања во најсовремена технологија, во благосостојбата и безбедноста на вработените и во заштитата на животната средина“, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној, придружувајќи се кон честитките за сите рудари и вработени во домашната рударска индустрија.

Рудникот за олово и цинк САСА е најголемиот рудник со подземна експлoатација во земјата. Во рудникот годишно, во просек, се ископуваат околу 800.000 тони руда.

Ископувањето и транспортот на рудата на површината, вклучувајќи го и транспортот на персоналот во рудничките јами, се врши со опрема од светски производители.

Во современата постројка за флотација, годишно во просек се добивааат приближно 30.000 тони оловен и околу 23.000 тони цинков концентрат кои се извезуваат во земји од ЕУ. За целокупниот процес на производство во рударскиот комплекс САСА да се одвива според најдобрите индустриски практики се грижат околку 700 вработени.

Во своето работење, рудникот ги има имплементирано најсовремените меѓународни стандарди: за управување (ISO 9001), за заштита на здравјето и безбедноста при работа (OHSAS 18001), за заштита на животната средина (ISO 14001) и за лабораториски испитувања (ISO 17025). САСА е првиот рудник во земјата кој поседува A – интегрирана еколошка дозвола.

Од ноевмри 2017, САСА е дел од Централ Азија Металс, искусна рударска компанија што котира на Лондонската берза (AIM: CAML).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Социјална берза: „АмЧам“ собра 1.500.000 денари за општествено корисни проекти

Редакција

Да зборуваме отворено за женското здравје и менструалниот циклус!

Редакција

(Фото) Телефонски броеви по градови од тимови на Црвен крст за набавки на неопходни продукти за лица во самоизолација

Редакција