Косовските власти му забранија на поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј во пресрет на Божик да дојде во Пеќката патријаршија, јави дописникот на МИА од Белград.
Со оценка дека станува збор за „крајно дискриминаторска одлука“, патријархот Порфириј ги повика властите во Приштина „да престанат да ги газат човековите права и верските слободи на православните Срби кои најмалку 1.500 години во континуитет живеат во Косово на земјата на своите предци“.
– Патријархот Порфириј не се откажува од намерата да отслужи божествена служба во Пеќката патријаршија и очекува оваа крајно дискриминаторска одлука да биде поништена, соопшти неговиот Кабинет.
Српскиот патријарх додаде дека „се моли на Бога за мир и добра волја меѓу сите луѓе“ и дека „особено се моли да завладее мир меѓу Србите и Албанците во Косово и Метохија, каде што живеат заедно со векови“.
МИА/Фото: Унсплеш