еМагазин
Image default
Македонија

Притвор од 30 дена за шестмината осомничени за трговија со марихуана вредна 800.000 евра

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на сите шест осомничени кои беа спроведни во судот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена врз основа на сите три точки – „опасност од бегство“, „влијание врз сведоци“ и „можност за повторување на делото“.

Ова за МИА го потврдија од Основниот кривичен суд – Скопје и посочија дека притворот на лицата им е одреден вчера вечер.

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава за организирана криминална група, против Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Според МВР, кривичната пријава за организираната група била резултат на повеќемесечна истрага во која поддршка дала и Американската служба за борба против дрога – ДЕА по која следувала акцијата во која беше запленета поголема количина дрога во вредност од над 800 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Детали од МВР за криминалната група нарко-дилери од која беше запленета дрога вредна 800.000 илјади евра

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Единство, заедништво и свест за општото добро, порача Пендаровски

Редакција

Се погласни застапниците со бојкот на изборите да се казнат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Од ЗНМ апелираат надлежните итно да постапат за нападите врз новинари

Редакција