еМагазин
Image default
Македонија

Притвор за уште еден предмет: Освен за „Таргет-Тврдина“, Мијалков доби нов притвор за „Империја“

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, доби нов притвор на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за случајот Империја.

Мијалков веќе се наоѓа во притвор во затворот „Шутка“, откако судот на 20 ноември му одреди притвор од 30 дена на барање на СЈО за предметот „Таргет – Тврдина“.

Истрагата „Империја“ е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Во притвор веќе се Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски.

Фото: А1on.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката Мизрахи и казна ќе плати, ама таблата со Република Македонија не ја менува

Редакција

Поради отсуство на еден од адвокатите на обвинетите и обвинител, одложено судењето за „Таргет-Тврдина“

Редакција

Пендаровски: Именувањето установи според докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството

Редакција