Од Основен кривичен суд Скопје се огласија за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски за неговиот случај против Македонија, со која државата ќе треба да му плати 6.100 евра оштета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од таму велат дека притворот за Јанакиески бил оправдан и дека пропусти имало во жалбената постапка.
-Според пресудата – притворот за Миле Јанакиевски е оправдан, а критикувана е должината на жалбената постапка.
Имено, Пресудата на ЕСЧП е веќе достапна на нивната веб страница и потребно е точно и внимателно да се прочита нејзината содржина пред да се навлезе во неосновани критики и погрешни заклучоци, со кои се информира јавноста.
Во ниту еден дел не ја оспорува основаноста на определените мерки притвор и куќен притвор во прв степен, напротив ЕСЧП констатирал дека притворот бил оправдан,
Но, утврдува пропусти во лишувањето од слобода на обвинетиот, како и „брзината“ на жалбената постапка во повисок степен.
Во прилог на образложението дека основаноста на определениот притвор бил поткрепен со соодветни докази говори и точка 95 од пресудата според која „нема индикации дека оценката направена од домашните судови во овој поглед била произволна или очигледно неразумна“.
Заради сето тоа сметаме дека е потребно пред се точно и дословно известување и коментирање во однос на пресудите на ЕСЧП, бидејќи во спротивно се гради дискредитирачко јавно мислење за постапувањето на Судот“, велат од таму.