еМагазин
Image default
Локално

Приведен прилепчанецот кој боеше и малтретираше животни пред деца

Прилепчанецот кој боеше и малтретираше животни е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „мачење животни“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера во 19 часот во полициската станица во Прилеп било пријавено дека непознато машко лице малтретира животно на градскиот плоштад. Прилепчанецот истурил црвена боја врз куче и започнал да го влезе за едната нога.

По пријавување на настанот излезено е на местото на настанот и извршен е увид. Приведен е 56-годишниот М.М. од Прилеп со кого е извршен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Град Скопје ќе дава субвенции за инвертер клими и чистење оџаци

Редакција

Ја бодел со штрафцигер за да и украде пари и метадон

Редакција

Казнети шест полицајци: За да не платат патарина користеле „флешери“ и легитимации

Редакција