еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судњето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и изнесување на докази предложени од одбраната.

На минатото рочиште исказ прес судот даде обвинетиот Горан Ѓошевски, а беа сослушани и неколку сведоци, предложени од одбраната, меѓу кои и пратеникот Влатко Ѓорчев.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влатко Ѓорчев побара од Судот милост за обвинетите за „27 април“

Судење за насилството во Собрание: Ѓошески сведочеше дека топлата го барала и Вељаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ: Недостасуваше нешто опипливо во понудата на ЕУ до Македонија за референдумот

Редакција

Груевски за Јанакиески: СДСМ спроведува политички апсења како нивните комунистички предци по 1945-тата

Редакција

Претседателот на Кривичен, Иван Џолев, доби втор мандат

Редакција