еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Тортура“, за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски-Пуки, и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем интерес за вакцинација: За неколку часа во Скопје се потрошија вакцините против грип кои чинеа 800 денари

Редакција

Утре треба да бидат распишани претседателските избори

Редакција

Вјолца Бериша на местото Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Редакција