еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Луѓето со омикрон сојот би требало да останат во изолација уште 5 дена по ослабувањето на симптомите

813 нови случаи се апсолутен понеделнички рекорд од почетокот на епидемијата до денес, што ли ќе донесе вторникот, не смеам ни да помислам, пишува проф. Дејан Трајковски на неговиот Фејсбук профил во најновата анализа за ковид-состојбата во Македонија.

„Од денеска ефективниот репродукциски број Rt ќе се пресметува според малку изменета формула, којашто зема сериски интервал од 2,2 дена, карактеристичен за oмикрон сојот.

Серискиот интервал, инаку, претставува просечен временски интервал од покажувањето на симптомите кај заразувачот до покажувањето симптоми кај новозаразениот.

Кај пресимптоматска трансмисија овој интервал е просечно еден ден пократок од периодот на инкубација (временскиот интервал од инфицирањето до покажувањето симптоми на едно исто лице).

Кај oмикрон сојот, значи, периодот на инкубација трае просечно само 3 дена, речиси како кај грипот и многу пократко отколку кај дивиот, вухански сој.

Добиените вредности за Rt (преносливоста) со пократкиот сериски интервал се пониски, но слаба е утехата од тоа штом новозаразените сега побргу, после само 2,5 дена започнуваат да заразуваат други луѓе.

Кај факторите на растот нема измена, бидејќи тие во основа претставуваат усреднети количници на геометриската прогресија на дневниот број на случаи.

Моментално факторот на раст изнесува околу 1,15, односно дневните броеви на случаи во просек растат за околу 15% дневно.

Овој фактор во себе го обединува ефективниот репродукциски број Rt и серискиот интервал.

На тој начин, дури и да не го знаевме серискиот интервал од најновите пресметки на корејските научници, со помош на факторите на растот можеме да вршиме проекции на динамиката на идниот раст.

Патем кажано, според Американскиот центар за управување со заразни болести (ЦДЦ), луѓето со Ковид-19 (омикрон сојот) би требало да останат во изолација уште 5 дена по ослабувањето на симптомите и откако треската исчезнала барем 24 часа без лекарства за намалување на треската (температурата).

Потоа, ЦДЦ ги советува луѓето да носат маска во близина на други луѓе наредните 5 дена, за да го намалат ризикот од заразување на другите,“ вели Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Сите коишто прележале пред јуни 2021 година, се потенцијални жртви на заразување со новиот омикрон сој

Доктор Лазаров: „Супермен не може да ги допрегледа и згрижи сите илјадници новозаразени од овие денови“

Доктор Кунгуловски јавно прашува зошто се чудни резултатите од ПЦР тестирањата во македонските лаборатории

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руските и белоруските спортисти ќе можат да учествуваат на Летните олимписки игри во Париз

Редакција

Британскиот сој на Ковид-19 бил присутен во Македонија уште во декември

Редакција

(ВИДЕО) Кои беа едни од најпознатите песни кои ги напиша Марина Туцаковиќ

Редакција