еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски за „кракен“ сојот: Се заразуваат лица без хибриден имунитет, бројот на хоспитализирани го достигнува максимумот

Зимскиот врв на корона-бранот, ако воопшто можеме да го наречеме така ова благо возвишување, настапи околу Нова година, односно околу 346-илјадитиот случај (на фазниот портрет I-T, активни наспроти вкупно случаи, на првиот дијаграм), вели во најновата ковид-анализа проф. Дејан Трајковски.

„Просечно забележуваме намалување на дневниот број на новодијагностицирани и активни случаи, а ефективниот репродукциски број Rt речиси цел месец е помал од единица (моментално изнесува околу 0,95, на вториот дијаграм).

Дури ни пристигнувањето на новиот подсој XBB.1.5 „кракен“ не предизвика зголемување на преносливоста и дневните бројки.

Најоптимистички показател е стапката на позитивни тестови (црвената линија на третиот дијаграм), последниот седумдневен просек изнесува околу 3,95%, со тенденција на понатамошно намалување, дури и во присуство на подсојот „кракен“.

Деновиве максимумот го достигнува и бројот на хоспитализираните, којшто настапува околу еден месец после максимумот на новозаразувањето. Но, за ова пролонгирање на временскиот интервал од заразувањето до хоспитализирањето знаеме од порано, поточно уште од пристигнувањето на омикрон сојот.

Да се вратиме на новопристигнатиот подсој XBB.1.5 „Кракен“. Во последните дванаесет месеци ширум светот се појавија неколку варијанти, односно подсоеви на корона вирусот.

Повеќето од нив претставуваа ќорсокак во еволуцијата на корона вирусите, па така „кракен“ е првиот што успеа да ги истисне од циркулација останатите подсоеви, благодарение на заобиколувањето на постоечкиот имунитет од прележување и вакцинирање.

Сепак, на нашиот пример гледаме дека хибридниот имунитет, постигнат со комбинација на вакцинирање и прележување, како и двократно прележување, коешто не само што трае подолго од пет месеци (колку што во просек трае имунитет од еднократно прележување), обезбедува и солиден имунитет, дури и од нови варијанти на корона вирусот.

Некои научни истражувања предвидоа дека хибридниот имунитет во најмалку 50% од случаите би требало да штити барем 17 месеци, што прилично добро се поклопува со заштитата што ја гледаме сега.

Новогодишниот врв дојде после околу 5 месеци од летниот врв, но бидејќи истиот беш многу благ, покажува дека се работело воглавно за заразување на досега незаразени или еднократно заразени лица, односно лица без хибриден имунитет.

Гледајќи нанапред, иако и хибридниот имунитет има свој „рок на траење“, сепак во одење сите коишто ќе го губат постепено одново ќе го обновуваат, така што ковидот ќе остане само обична ендемска болест, со спорадични смртни случаи.

Кај нас е платена превисока цена во човечки животи и во разни трошоци, неспоредливо повисока отколку да речеме во Кина.

Таму правилно процениле дека речиси стопроцентната вакцинираност, во комбинација со поблагите симптоми на ковидот предизвикан од омикрон сојот, ќе ја заштити популацијата од посериозна епидемија, па така дури тогаш дозволиле укинување на мерките.

Силната држава, слушајќи ги советите на стручните лица работела точно како по учебник, а учебниците се обично во право – што во нивниот случај е докажано на најдобар можен начин,“ пишува Трајковски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како да се заштите од новиот сој на Ковид-19, „кракен“, објаснува доктор Стевановиќ

Што треба да знаете за новата подваријанта на коронавирусот, „кракен“, кој е регистриран и во Македонија

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ и ДУИ предизборно се „скараа“ за преиминувања на училишта, ама „ќутат“ зошто нема сапун за учениците

Редакција

Изолација и коронавирусот: Зошто прекумерно гледаме серии и дали е тоа добро за нас

Редакција

Мнозинството граѓани сметаат дека животот во државата се движи во погрешна насока

Редакција