еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професор Трајковски објаснува колку секоја вакцина е ефикасна против индискиот сој

Професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој редовно на својот Фејсбук профил ја анализира состојбата со коронавирусот, овојпат пишува за ефикасноста на вакцините против индискиот сој на Ковид-19, повикувајќи се на Healthdata.org.

“Healthdata.org од Универзитетот во Вашингтон (healthdata.org), врз основа на досегашните измерени ефикасности на вакцините и соодносите меѓу броевите на инфицирани, заболени и хоспитализирани ги моделирал ефикасностите на разните типови на вакцини против најновите соеви, меѓу кои и Делта сојот.

За жал, даваат проценки само за ефикасност против инфекција и симптоматска болест, додека нема проценки за ефикасност против хоспитализација и смртен исход.

Значи, да ги заборавиме ефикасностите против „дивиот“ вухански сој и британскиот, време е да мислиме на индискиот, Делта сој.

Кај сите вакцини се забележува пад во ефикасноста во случајот на Делта сојот B.1.617.2, со тоа што падот кај Фајзер и Модерна е најмал, додека кај Коронавак/Синовак е најголем.

Освен кај вакцините со инактивиран вирус (кинеските Коронавак и Синофарм, голем пад се забележува и кај АстраЗенека).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за кинеската вакцина „Синовак“

Да се потсетиме, според СЗО, „вакцина“ која има ефикасност против инфекција (најниската од трите ефикасности) помала од 50% не се смета за вакцина. Со 28% или 31% ефикасност тоа е сé само не вакцина.

Уште една причина повеќе сите вакцинирани да продолжат да се однесуваат (да ги применуваат превентивните мерки) исто како воопшто да не биле вакцинирани.

Уште нешто. Healthdata.org не ни предвидува раст на бројот на смртни случаи пред октомври, НО досегашниот реален број на смртни случаи во нашата земја го проценуваат на дури 13.200 смртни случаи, што е прилично повеќе од мојата статистичка проценка за 9.450 починати, со 95% интервал на доверба помеѓу 7.700 и 11.200 починати од Ковид-19.

Еве го линкот: covid19.healthdata.org„,пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски: Единствен спас од индискиот сој е масовна вакцинација, и младите треба да се вакцинираат

Доктор Мехмедовиќ ги објаснува симптомите: Индискиот сој би можел да стане реалност кај нас во септември

Доктор Беќаровски: 88% од новозаразените во Британија од индискиот сој на Ковид-19, не се вакцинирани

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска променливо облачно, попладне со можност за пороен дожд

Редакција

Мајка на две малолетни деца убиена во охридското село Велгошти

Редакција

Нови 89 заболени со корона вирусот од 1.529 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција