еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професор Трајковски: Од Ковид-19 изгубивме население еквивалентно на град со големина помеѓу Ресен и Виница

Проф. Дејан Трајковски кој редовно на Фејсбук прави анализи за Ковид-19 состојбата, овој пат се осврнува на смртноста од коронавирусот во Македонија.

“Во Билтенот бр. 05/2021 на Државен завод за статистика (ДЗС) се објавени броевите на починати во Македонија по месеци, заклучно со месец март 2021.

Да ги видиме најпрво историските податоци за просечната годишна смртност, врз основа на месечните бројки на починати од 01.11.2015 до 31.03.2020 година (до тогаш имало само 11 починати од Ковид-19). Просечната годишна смртност изнесувала 20.231 починати (со 95% интервал на доверба од 18.973 до 21.488 починати).

Од 01.04.2020 до 31.03.2021 година умреле вкупно 26.873 лица. Одвишната смртност изнесува 6.643 починати (со 95% интервал на доверба од 5.385 до 7.900), што одговара на средна одвишна смртност од 32,8%.

Во истиот едногодишен период од Ковид-19 умреле 3.799 лица, што ја претставува објаснетата одвишна смртност.

Необјаснетата одвишна смртност (разликата од 3.799 до просечно 6.643) се должи на починатите од Ковид-19 во домашни услови, од кои еден дел биле нетестирани, а дел со позитивни ковид-тестови, но лекувани и починати во домашни услови и никогаш евидентирани во официјалните ковид статистики.

Патем кажано, ДЗС во фуснота покрај големите есенски и пролетни бројки на починати појаснува дека одвишната смртност се должи на епидемијата на Ковид-19 во Македонија.

Да заклучиме, реалниот број на починати од Ковид-19 во Македонија, погоре споменатите 6.643 (со 95% интервал на доверба од 5.385 до 7.900), инаку еднаков на збирот на официјално починатите и необјаснетите одвишни починати, е за просечно 74,8% (со интервал на доверба од 41,7% до 107,9%) повисок од официјалниот број на починати од ковид-19.

Оваа стапка го прикажува соодносот на необјаснетата одвишна смртност (неевидентираните починати од Ковид-19) и официјалната смртност од Ковид-19 во период од една година.

За споредба, кога ваков пресек на состојбата беше направен на 31.12.2020, добиен беше речиси истиот среден процент од 74,8% (најдобра потврда на централно-граничната теорема од математичката статистика).

Бидејќи од 31.03.2021 до денес (06.06.2021) бројот на починатите од Ковид-19 се зголемил на 5.455, применувајќи ги овие стапки на необјаснета одвишна смртност доаѓаме до проценетиот вкупен број на починати од Ковид-19 во Македонија од почетокот на епидемијата до 06.06.2021.

Средната проценка изнесува 9.535 починати, со 95% интервал на доверба помеѓу 7.730 и 11.341 починати.

За споредба, изгубено е население еквивалентно на град со големина помеѓу Ресен и Виница и тоа според статистичките податоци од последниот попис во далечната 2002. година“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Кинеските вакцини не созддаваат клеточен имунитет, нивната заштита многу брзо „бледее“

Професор Трајковски: Моменталната прележаност од Ковид-19 е 29,8%, ако се вакцинираат барем 1,1 милион жители, можеме сосема да спречиме нов бран

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени со корона вирусот во светот надмина 6 милиони, починале над 366 илјади

Редакција

Вкупно 706 лица до 19 години во Македонија заболеле со Ковид-19

Редакција

Трет смртен случај од корона вирусот: Почина пациентката од Дебар која долго време беше на респиратор

Редакција