Просечната исплатена нето плата во јануари изнесувала 28.272 денари што е за 2,7 проценти повисока од истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемување е забележано во секторите Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,4 проценти, Уметност, забава и рекреација за 8,4 проценти и Информации и комуникации за 8,3 проценти.
Намалување во однос на декември 2020 година имало во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7,7, проценти, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5,9 проценти и Информации и комуникации за 5,4 проценти.
Просечната бруто-плата во јануари изнесувала 42.204 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.