еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната плата во ноември изнесувала 25.787 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2019 година изнесувала 25.787 денари, што е пораст од 5,1 отсто во однос на истиот месец 2018 година.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (9.5 %), Преработувачка индустрија (8.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8.2 %).

„Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (3.8 %), Стручни, научни и технички дејности (2.1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1.6 %)“, соопшти ДЗС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кочо Анѓушев нов претседател на Македонската енергетска асоцијација

Редакција

Одложено судското рочиште за стечај на штипски „Бетон“

Редакција

Интернешнел Хотелс во третиот квартал со добивка

Редакција