Откако по втор пат е во самоизолација, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски објави дека првиот тест му е негативен на корона вирусот.
„До сега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0. Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција.
На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот.
Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита,“ напиша Манчевски на неговиот фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.