еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Работниците на протест, Владата го разреши менаџерскиот тим на „Колска“

Менаџерскиот тим на фабриката за шински возила „Колска“ ќе биде разрешен поради неиспорачување на резултати. Вработените од оваа фабрика денеска протестираа пред Владата барајќи исплата на заостанатите плати и решавање на проблемот со блокираната сметка на фабриката.

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на прес-конференција во Владата соопшти дека поради неиспорачување на резултати побарал директорот и менаџерскиот тим на фабриката да бидат разрешени.

– Како Влада во изминатиот период имаме доделено 35 милиони денари на тоа јавно претпријатие. Финансиските средства се истрошени, работниците немаат плата. Кога ги видовме извештаите дали е намален долгот во изминатиот период, дали е зголемено производството и услугата што тие ја даваат, дали се намалени трошоците, видовме дека не се.

И затоа предложив на Влада, веднаш да бидат разрешени директорот и целиот менаџерски тим, надзорниот и управниот одбор. Со оглед на тоа дека  излегов од седница на Влада за да ја одржиме оваа прес-конференција, доколку е завршена, претпоставувам дека тие се разрешени и дека таму ќе има нов менаџерски тим, рече Ковачевски.

Вработените од „Колска“ денеска протестираа пред Владата барајќи решавање на нивните проблеми.

Вчера тие два часа го блокираа и патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес.

Сметката на „Колска“ е блокирана поради заостанат долг од околу 650 илјади евра направен во периодот од 2013 до 2017 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 1 милион евра е премијата на Лото 7 на Државна лотарија, највисока сума што може да се освои во земјава

Редакција

Цените на бензините остануваат исти, се намалува Екстра лесното масло за домаќинство

Редакција

Просечната нето плата во март 34.925 денари

Редакција