Бугарскиот претседател Румен Радев му врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов на церемонија во претседателската резиденција. На почетокот на церемонијата беше отсвирена бугарската химна.
Во салата присуствуваа и потпретседателката Илијана Јотова и техничкиот министер за надворешни работи, Иван Кондов.
Љубчо Георгиевски е претседател на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, што беше затворен од властите во Македонија, а Благој Шаторов е негов секретар.
Потпретседателот ги потпиша указите за добивање бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло.
Јотова му врачи бугарски лични документи и на Христијан Пендиков на почетокот на мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството во Битола покрена обвинение за ширење омраза и ксенофобија за Георгиевски на почетокот на мај.
Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид и културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола беа затворени од Централниот регистар на Македонија по одлуката на Министерството за правда и добиениот негативен став на комисијата за имињата.
Оваа одлука беше резултат на промената на Законот за здруженија и фондации, изгласан едногласно во Парламентот, којшто забрани формирање организации, кои своите имиња, програма, цели и поттикнуваат кон агресија, разгорување на национална, расна, религиозна омраза или друга нетрпеливост, геноцид, истребување, ширење и помагање и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот рајх.
МИА/Фото/видео: Радев/Фејсбук