Вкупните депозити во февруари остварија месечно и годишно зголемување од 1,1 отсто, односно 10,3 отсто, при раст на депозитите кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, објави денеска Народната банка.
Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во февруари 2019 година, имаат раст од 0,8 отсто на месечна основа, главно под влијание на депозитните пари и на депозитите во странска валута и долгорочните денарски депозити, во услови на евидентиран пад кај краткорочните депозити во денари.
Стапката на годишен раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 9,5 отсто и во најголем дел, како што велат од Народната банка, се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари.
Во февруари, вкупните депозити на домаќинствата се зголемија за 0,8 отсто на месечно ниво, во најголем дел под влијание на растот на депозитните пари (79,9 отсто). Годишниот раст изнесува 8,8 отсто и во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, во услови на раст, но поумерен, и на долгорочните депозити во денари и во странска валута.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раст на кредитирањето, забавен раст кај станбените, пад кај автомобилските кредити