Бројот на заболени со коронавирусот во Македонија продолжува да расте. Според последните податоци, објавени вчера, тој изнесува 241 лице.
Расте и бројот на заболени здравствени работници. Тој за 24 часа од 21 порасна на 23 лица, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
„Од овој број, 16 се заболени во болнички/амбулантски услови“, стои во анализата.
Познато, официјално, е дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Охрид и Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор
37 случаи од заболените со коронавирусот во Македонија се импортирани од надвор
Во Битола прв случај: Како изгледа мапата на заболен со коронавирусот по градови
Карпош со најголем број: Како изгледа мапата на заболени со коронавирсуот по скопските општини