Во текот на втората недела од 2022 година (9-16.01.2022), во Македонија се пријавени 470 (I=22,7/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, идентично како претходната недела, стои во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за состојбата со грип..
“Во текот на 2-ра извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 737 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 7 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и Ковид-19.
Притоа, детектирани се 44 (6,0%) позитивни случаи, 43 од рутинскиот надзор и еден позитивен случај од сентинел САРИ надзорот, сите Influenza A несубтипизирани.
Од позитивните од рутинскиот надзор, кај 2 е потврдена инфекција со грип и Ковид-19 истовремено.
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 2-ра недела од минатата сезона (n=36) е зголемен 13 пати, а во споредба со бројот за 2-ра недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) (n=1.134) се регистрира намалување од 58,6%“, стои во извештајот на ИЈЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Д-р Кочински ги објаснува заедничките симптоми на грип и Ковид-19
Кои се симптомите на флурон, кој е комбинација на грип и Ковид-19
Фото: МЗ