еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Рекет“ продолжува утре: Боки 13 сака да поднесе 19 кривични пријави

Со изнесување на материјални докази, утре продолжува главната расправа за предметот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Денеска во судот сведочеа кумата на Јовановски, Мери Дика Георгиевска, стручната соработничка на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Сања Димовска, управителката на Зона мебел, Лидија Младеновиќ, продавачката од продавница за мебел и ТВ водителката Лила Стојановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Лила не открива зошто веќе не е пријателка со Боки 13

Шефот на кабинетот на поранешната специјалната обвинителка, Димовска на конкретно прашање на обвинителките рече дека во еден период кога Јанева била на одмор добила ургентно барање од судијката Весна Димишкова за укинување на мерката одземање на пасош за осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја“, за што ја известила шефицата и добила насоки за барањето да ја извести заменичката на Јанева, Елизабета Јосифовска преку нејзината стручна соработничка.

На прашање на одбраната дали Катица Јанева дала насоки за тоа на колкав временски период да му биде вратен пасошот на Камчев, таа рече дека Јанева рекла за тоа да одлучи Судот.

Водителката Лила Стојановска рече дека на Боки 13 му помогнала со донација од 25.000 евра и позајмица од 500.000 денари. На прашање на обвинителката дали прво примила 500.000 денари, а подоцна истите ги вратила, таа рече дека не е точно дека примила, туку дека само дала лично нејзини средства.

Управителката на Зона мебел, Младеновиќ, од каде што бил набавуван мебел за ТВ1, рече дека за зделката телевизијата и останала должна на нејзината компанија 196.000 денари, но вработена кај Боки 13, по поднесените тужби за долгот од страна на Зона мебел, донела 2.700 евра гаранција за долг.

На крајот на денешното рочиште обвинетиот Боки 13 го извести Судот дека е во лоша здравствена состојба, иако, како што рече, добро изгледа и дека побарал меѓународна здравствена помош.

Јовановски рече дека пратил писмо до јавниот обвинител Љубомир Јовески дека е дискриминиран, а за тоа добил одговор дека треба да се обрати во Судот. Првобвинетиот беше предупреден од Судот дека овие забелешки не се однесуваат на предметот и дека за такви барања е задолжени Јавното обвинителство.

Јовановски пред Судот и присутната јавност рече дека сака да поднесе 19 кривични пријави, но праша дали кривична пријава за Вилма Рускоска да поднесе кај обвинителката Вилма Русковска и дека за неа има несоборливи докази за криминал поврзан со корупција вреден четири милиони евра. Потоа побара изземање за Рускоска.

МИА/Фото:Фејсбук/Боки 13

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13: Имам докази за криминал од Вилма Рускоска од 4 милиони евра, каде да пријавам?

Лила сведочеше во „Рекет“: Дента кога го уапсија Боки 13 одевме за Миконос

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведено 40-годишно лице во чија што куќа во Скопје беа пронајдени малолетниците во бесознание

Редакција

(Фото) Непознат херој во Скопје остави кошница полна со храна за семејства кои западнаа во криза

Редакција

СДСМ ќе бира лидер на 21 март

Редакција