еМагазин
Image default
Македонија

„Рекет” влегува во нова фаза: Судењето продолжува со презентација на материјални докази

Судењето за „Рекет“ денеска продолжува со презентација на материјални докази од страна на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Судскиот процес против Бојан Јовановски и Катица Јанева влегува во нова фаза откога заврши презентацијата на сведоци од страна на обвинителството.

На последното рочиште за предметот „Рекет“ сведочеа Лидија Младеновиќ, ќерка на сопственикот на продавницата за мебел „Зона мебел“, судијката Мери Дика-Георгиевска од Апелацискиот суд Скопје, кума на обвинетиот Јовановски, водителката Лила Стојановска, блиска пријателка на обвинетиот Јовановски, и Сања Димовска, шефица на кабинетот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, сега второобвинета во „Рекет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Лила не открива зошто веќе не е пријателка со Боки 13

„Рекет“ продолжува утре: Боки 13 сака да поднесе 19 кривични пријави

Претходно, во овој предмет сведочеа и поранешните обвинители на СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, односно на почеток на судењето сведочеше и Јордан Камчев, за кого се води истрага во случајот „Империја”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13: Имам докази за криминал од Вилма Рускоска од 4 милиони евра, каде да пријавам?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 276 случаи на Ковид-19 од 2.720 тестирања, бројката на активни е 6.086

Редакција

Нови девет лекови на Позитивната листа, доминираат оние за кардиолошки заболувања бидејќи се најчести

Редакција

Дестина македонски Бугари оддадоа почит пред спомен-плочата на Мара Бунева во Скопје

Редакција