еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Рестрикции на струја нема да има, но не очекува тешка зима, вели Бектеши

Рестрикции на струја ќе нема, иако ќе биде тешка зима не само за Македонија, туку и за регионот и глобално поради криза во енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој учествува на МЕФ Енергетскиот форум во Охрид.

– Се прават сите подготовки посебно од страна на ЕСМ за да го зголеми производството и согласно нивниот доставен план веќе е зголемено производството. Во однос на цените најголемиот товар ќе падне на тие што грејат базени, кои имаат можност да ги плаќаат сметките, што трошат колку што трошат 100 просечни домаќинства во државата месечно.

Во делот на просечните граѓани, оние кои трошат просечно согласно сите параметри и нивните потреби, за нив можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите. Секако дека сите треба да бидеме свесни и посветени да се обидеме да заштедиме што повеќе елетрична енергија зашто ова не е криза само на С.Македонија, ова е глобална криза, истакна Бектеши.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стечај за гигантот од месната индустрија: Се продава вреден имот на „Мега“

Редакција

Димитров за односите со Бугарија: „Нема напредок во атмосфера на уцена, со сила убавина не бива“

Редакција

(Фото) Универзална сала доби нова купола

Редакција