еМагазин
Image default
Македонија

Рибарот бил убиен зошто е сведок, открива Јанакиески во „бомба„ за Монструм

На денешното рочиште за „Монструм“ се преслушуваат т.н. „бомби“, а во една од нив поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, открива зошто бил убиен рибарот од Црешево.

Во „бомбата“, Јанакиески разговара со извесен Кире Бошков. Тој го прашува Јанакиески да не има информација во врска со убиството на децата, а Јанакиески му одговара дека се видел со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која му рекла дека децата биле мирни, не биле криминалци, а наводно, како што вели Јанакиески, рибарот од Црешево бил убиен зашто бил сведок.

Во „бомбите“ се слушаат и гласовите на Катерина Најденова, гатачката на поранешниот премиер Никола Груевски, новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот Орце Камчев

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да бидат изведени околу 3.900 разговори, кои беа предложени како дополнителни докази од Специјалното јавно обвнителство (СЈО).

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. Сега истиот по најновите случувања со СЈО, повторно е вратен во Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бомба“ за Монструм открива дека екс министерот за правда Беџети не потпишувал екстрадиција на обвинетите од Косово

Адвокатката на семејствата на жртвите, Ивановска: Долго ги чекавме „бомбите„ за „Монструм“, но во нив нема ништо суштинско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радев бара посебно поглавје во преговарачката рамка за Македонија

Редакција

Нови 436 случаи на Ковид-19 од 3.447 тестирања

Редакција

За звучни имиња Панчевски одлучувал кај кои судии ќе одат, сведочеше службеничка од Кривичен

Редакција