еМагазин
Image default
ЖИВОТ

РСБСП со кампања за Св.Валентајн и Св.Трифун: Срце си што не возиш пијан

Срце си што не возиш  пијан. Среќен празник. Вози одговорно! – е пораката со која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) го честита празникот на љубовта и виното, Св. Валентин и Св.Трифун.

„Празниците се денови кога треба да застанете за момент, да одморите и да размислите за себе и за своите најблиски, да размислите за предизвиците, за можностите, за убавините кои ги носи животот.

Празниците се време да размислете што Ви нуди љубовта, што е тоа што Ве прави среќни и задоволни, да размислите за тоа како треба да живеете, кои се вашите добри и лоши навики и како да продолжите понатаму во животот.

Согласно тоа, а по повод  празниците Св. Валентин или Св.Трифун, РСБСП уште еднаш потсетува: Радувајте му се на животот, уживајте во сите убави работи што ги носи животот. Не дозволувајте сообраќајна незгода, момент на невнимание и непромисленост, лоша навика или лоша одлука да ги уништи, скрати или промени сите ваши соништа и сите ваши очекувања за животот.

За жал, статистиката говори дека сообраќајните незгоди се секојдневна закана за животот и здравјето на младите лица. Во просек, 25 проценти од сообраќајните незгоди со потешки последици се предизвикани од млади лица на возраст до 29 години, додека околу 30 проценти од вкупно настраданите лица во сообраќајни незгоди се млади лица на возраст до 29 години,“ се вели во соопштението на РСБСП

Сообраќајните незгоди се причина број еден за смртност на младите лица на возраст од 15 до 19 години.

Статистичките податоци покажуваат дека на светско ниво, секоја година околу 400.000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди или дневно се губат околу 1.100  млади животи на патиштата ширум светот.  Една од водечките причини за ваквата состојба е возењето под дејство на алкохол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отец Пимен: Не е проблемот во мерките, туку во нивното кршење

Редакција

Доктор Пановски за СП: За да се прогласи крај на епидемијата треба да нема ниту еден нов случај 28 дена

Редакција

Најдена и втората хаска на обвинителката Ленче Ристоска

Редакција